Италија, привилигиран партнер на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Италија е еден од привилигираните партнери на Русија и покрај потешкотиите во односите со Европска унија.

– Италија е несомнено еден од нашите привилегирани партнери во Европа и во светот, а трговско-економските врски се прилично добри и покрај се, истакна Путин на средбата со италијанскиот премиер Матео Ренци во Москва.

Путин посочи дека Италија е на четвртото место според трговската размена со Русија.

Ренци пред средбата со Путин истакна дека теми на разговорите ќе бидат односите Русија – ЕУ. насилството во Либија и друго.

Ренци пред средбата со Путин положи свеќе на местото каде што во петокот беше убиен рускиот опозиционер Борис Немцов.