Италија: Продолжуваат воените вежби во Средоземното море

Италија ги продолжува воените вежби во Средоземно Море, вклучително и маневрите во близина на крајбрежјето на Либија, каде безбедносната ситуација се влошува.

Во денеска започнатите воени вежби ќе се извршат симулации на одбивање напади на подморници, авиони и бродови.

Воените вежби беа одложени времено на една година, поради распоредувањето на италијански бродови во Средоземно Море, што учествуваа во мисија за прекин на приливот на мигранти од северна Африка во ЕУ. Оваа мисија, беше прекината откако ЕУ почна операција во таа насока.

Италија има интереси во нафтениот и гасниот сектор во Либија. Според началникот на Генералштабот на италијанските вооружени сили генерал Клаудио Грациано вежбите во Средоземно Море се само рутина, но имаат за цел да ги одвратат сите што се закануваат по безбедноста на Италија.