Италија: Спасен 301 мигрант во пет операции

Спасувачките служби од Средоземното Море извлекоа на безбедно 301 мигранти, а пронајдоа пет тела, во пет одделни операции во Медитеранот, соопшти денеска италијанската крајбрежна стража.

Рутата која минува преку централниот дел на Средоземното Море, меѓу Северна Африка и Италија, е најсмртоносната на светот за мигрантите.

Повеќе од 3.100 мигранти исчезнаа или загинаа годинава, обидувајќи се по овој пат да стасаат со бродови или чамци до Европа.