Италија: Спасени 1.850 имигранти

Брод на крајбрежната стража пресретнал две бротчиња со вкупно 740 лица, додека бродот на морнарицата им помогнал на чамците во кои имало 255 луѓе, се наведува во соопштението, јавува Танјуг.

Рутата ја променил и товарен брод со цел да помогне на група од 117 имигранти, додека брод на морнаричките сили на ЕУ спасил 738 лица кои биле во три чамци.

Според податоците на УНХЦР, од почетокот на годинава до крајот на март, околу 17.500 луѓе пристигнале во Италија.

Пред две недели, речиси 1.600 имигранти се спасени во истата област, што покрена стравување дека голем број имигранти ќе тргнат по истиот пат, со оглед на тоа дека морето е смирено со доаѓањето на пролетта.