Италија: Србин шверцал мртов Кинез во камион-ладилник

Италијанската сообраќајна полиција во рутинска проверка на камионот – ладилник во градот Монтебел со кој управувал српски државјанин, пронашла тело на мртов Кинез.

Српските медиуми повикувајќи се на италијанскиот весник Il Giornale Di Vicenza пишуваат дека мртвиот Кинез бил ставен на ќебе, бил облечен и изгледало како да спие.

Триесетипетгодишниот Горан Брчиќ сакал да го прошверцува починатиот од мртовечницата во Торино до Фруили. Оттаму семејството на починатиот требало да го натовари на брод и да го испрати на пат за Кина, каде требало да биде погребан.

Брчиќ за ова добил паричен надомест, но по сопирањето од страна на полицијата тој е задржан во притвор и чека судење.