Италија треба да плати 45.000 евра казна за полициска тортура

Европскиот суд за човекови права денеска ја казни Италија бидејќи не ги идентификувала и обвинила полицајците кои тешко претепаа демонстранти на протест за време на одржување на Самитот на Г8 во Џенова, пренесува МИА.

Судот поради тортура и измачување во 2001 година наложи на Италија да плати 45.000 евра на лицето, подносител на тужбата. Човек на 62-годишна возраст и десетина други демонстрирале против глобализација во едно училиште во Џенова, за време на самитот на Г8, се нападнати од полиција за време на ноќна рација.

Околу 200 маскирани полицајци обучени за справување со нереди, вооружени со палки и штитови, по полноќ упаднале во училишниот комплекс „Амандо Дијаз“. Насилствата избуванле откако полицијата упаднала во зградата да изврши претрес.

Неколку демонстранти се брутално претепани и се здобиле со скршени ребра и други сериозни повреди, а биле изложени и на вербално и психичко насилство, се наведува во соопштението на судот.

Судот оценил дека италијанското кривично законодавство е несоодветно за казнување на такви дела и дека не е ефикасно средство за спречување на нивно повторување во иднина.

Италија на пресудата може да поднесе жалба во рок од три месеци. Големо мнозинство од околу 10.000 демонстранти биле мирни, но еден мал дел бил склон кон насилство за време на протестот.