Италија: Уапсен албански нарко бос со 20 килограми кокаин

Во полициска ација во близина на италијанскиот град Бреша уапсен е албански нарко бос, при што му се одземени 200.000 евра, 20 килограми кокаин и три пиштоли, пренесува.

-Акцијата почнала во Лечо, продолжила во Бранза и Милано, и била завршена во близина на Бреша, каде е упасен Индрит Таипи. Во автомобилот на Таипи биле пронајдени 200 илјади евра, скриени во седиште, кои ги стекнал со продажба на кокаин, додека 20-те килограми кокаин и трите пиштоли биле пронајдени во неговиот дом во Бреша, пренсуваат албанските медиуми.

Кокаинот бил спакуван, а на логото стоел жигот „Јужна Америка“, од каде се верува дека дрогата пристигнала. На црниот пазар дрогата достигнува вредност од два милиона евра. Еден од питштолите бил со пригушувач.

Полицијата располага со цврсти докази дека оружјето било користено, а едното-полуавтоматски пиштол, бил украден во Лобардиа.

Албанскиот нарко бос бил следен подолг период  а бил упсен на автопатот што Бергамо го поврзува со Бреша.

Италијанската полиција Таипи го смета за „опасен нарко шверцер“и се сомнева дека е поврзан со нарко картел од Јужна Америка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.