Свет

Италија: Уапсени 44 лица осомничени за корупција

Италија: Уапсени 44 лица осомничени за корупција

Полицијата во Италија денеска упаси 44 лица осомничени дека се дел од мрежата корумпирани политичари и деловни луѓе, кои „местеле“ тендери со цел да добијат овластувања за управување на центрите за прием на имигранти во Италија.

Апсењата се случија по минатогодишното разоткривање на ланецот на корупција во локалната власт на Рим, наречен „Мафијски капитал“, што го натера Градското собрание да ја повика Националната управа за борба против корупција да го истражи списокот на сомнителни договори.

Римската полиција објави дека издаден е налог за приведување на уште 21 лице во областа околу Рим, И’Аквила во Централна Италија, како и во Катанија и Ени на Сицилија.

Отварањето приемни центри за имигранти е мошне исплатлив бизнис за бескруполозните оператори, особено со оглед на интензивирање на кризата во оваа област и пристигнување на се повеќе имигранти во Италија