Свет

апенините под терористичка закана Италија уапсила терорист на Исламска држава

Италија уапсила терорист на Исламска држава

Италијанската полиција во вторникот објави дека уапсила „водечки член“ на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава кој дошол во Италија за да регрутира и обучува терористи.

Мароканецот, 39-годишниот Набил Бенамир бил „подготвен да регрутира за цели на Исламската држава“, попрецизно да „обучува други членови на Исламската држава да работата и да употребуваат експлозиви“.

Италијанските власти Бенамир го обвиниле за меѓународен тероризам, но тој веќе бил во затвор поради злосторства кои не се поврзани со тероризам. Мароканецот прво бил уапсен во август во Џенова каде што полициска патрола го забележала како тепа бремена жена, негова партнерка, се наведува во соопштението.

По апсењето, иследниците откриле дека станува збор за иста личност којашто разузнавачките служби во јуни ја означиле како „водечки член“ на Исламската држава во Италија.

Полицијата на Twitter додава дека во операцијата придонеле Европол , холандската полиција и американското Федерално биро за истраги (FBI).