Италија во најсилен состав против Македонија:

Четирикратниот светски првак, селекцијата на Италија го објави списокот на фудбалери кои ќе бидат дел од квалификациските натпревари за пласман на СП 2018 против Шпанија и Македонија кои се играат на 6 и 9 октомври.

Селекторот Џанпјеро Вентура за мечевите во Торино и Скопје повика 26 фудбалери.

„Аѕурите“ ќе напаѓаат со комплетен состав, со ѕвездите на Јувентус, Буфон, Кијелини, Бонучи, потоа Де Роси, Флоренци од Рома, Монтоливо, Бонавентура од Милан, Марко Верати од ПСЖ кој се враќа во националниот тим по повредата, Грацијано Пеле, кој моментно настапува во Кина. Во селекцијата се враќаат и голманот Перин, соиграчот на Пандев од Џенова, Дармијан, Кришчито и Сансоне.

Натпреварот против Шпанија „аѕурите“ ќе го играат на „Јувентус арена“ во Торино, додека дуелот во Скопје е закажан на Националната арена „Филип втори“.

Билетите за мечот меѓу Македонија и Италија се веќе пуштени во продажба и чинат 250 и 500 денари, а вреди да се напомене дека со билет за овој натпревар, може да го посетите и претходниот квалификациски меч на нашата селекција, против Израел (6 октомври).

Медиумите на Апенините оценуваат дека ова е најдоброто што Италија го има во моментот, а Вентура повика навистина голем фонд на фудбалери, за дуелите со Шпанија и со Македонија.

СОСТАВ ИТАЛИЈА

Голмани: Џанлуиџи Буфон (Јувентус), Џанлуиџи Донарума (Милан), Матиа Перин (Џенова)

Одбрана: Давиде Астори (Фиорентина), Андреа Барѕалји (Јувентус), Леонардо Бонучи (Јувентус), Џорџо Кијелини (Јувентус), Анџело Огбона (Вест Хем), Алесио Ромањоли (Милан)

Среден ред: Федерико Бернардески (Фиорентина), Џакомо Бонавентура (Милан), Антонио Кандрева (Интер), Доменико Кришчито (Зенит), Матео Дармијан (Манчестер ј.), Даниеле Де Роси (Рома), Матиа Де Шилјо (Милан), Алесандро Флоренци (Рома), Рикардо Монтоливо (Милан), Марко Пароло (Лацио), Марко Верати (ПСЖ)

Напад: Андреа Белоти (Торино), Едер (Интер), Маноло Габијадини (Наполи), Чиро Имобиле (Лацио), Грацијано Пеле (Шандонг луненг)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.