Италија: Запленети два тона марихуана, уапсени пет албански државјани

Италијанската полиција заплени околу два тона марихуана и уапси пет албански државјани. Дрогата, чија вредност на пазарот достигнува од 16 до 18 милиони евра, била запленета на брегот на приморското гратче Фанос, во гумен чамец што пристигнал од Албанија.

Италијанските власти соопштија дека неколку од уапсените албанци со години живееле во Италија, со регулиран престој, па дури имале и свои мали градежни фирми.

Уапсените се дел од добро организирана нарко мрежа која подолг период дејствувала во Италија.

При претресот, полицијата нашла и софистцирани апарати за да не може да им се прислушуваат телефоните.