Италијанците и Грците се најлоши возачи

Најодговорни европски возачи се Швеѓаните, најопасни се Италијанците, а Грците се најнепристојни, покажа истражувањето што в четвртокот го објави француската компанија за одржување на патишта „Винси ауторуте“.

Според анкетата спроведена врз 10.000 европејци од страна на институтот Ипсос, 31 отсто сметаат дека Италијанците се опасни возачи, а дури 58 од испитаните Италијанци го кажале истото за своите сонародници.

Веднаш зад Италијанците се најдоа Грците, затоа што дури 20 отсто сметаат дека тие се неодговорни.

Повеќе од половина, односно 56 отсто од испитаниците признале дека знаат да се однесуваат непристојно зад воланот, а најчесто станува збор за упатување навреди до другите возачи. Во тој поглед посебно се истакнуваат Грците, од кои дури 74 отсто признале дека така се однесуваат.

Најодговорни возачи се Швеѓаните, а веднаш зад нив се Германците, Британците и Холанѓаните.