Италијанците мигрираат кон Албанија?

Италијанците привремено се доселуваат и бараат работа во Албанија во бегство од мртвата сезона во сопствената земја.

После една деценија миграција на Албанците во Италија, овој процес ја промени насоката. Сега околу 19000 Италијанци имаат дозвола да работат или студираат во Албанија, пренсе Би-Би-Си.

Тие воглавном се вработуваат во кол центри, отвараат ресторани или отпочнуваат некој приватен бизнис.

„Овие податоци ни говорат многу за кризата во Италија, но и за растот на Албанија“ вели социологот Рандо Деволе.

Вклопувањето на Италијанците во новата средина им е олеснето заради тоа што голем број Албанци веќе го зборува нивниот јазик. Во текот на последните 20 години во Италија емигрираа околу половина милион граѓани од Албанија.

Албанскиот министер за социјални прашања Ерио Вељај, минатиот месец ја нарече својата земја „мала Америка“ за Италијанците, заради брзиот економски раст.