Свет

Италијанците наскоро ќе може да гласаат за Путин

Италијанците наскоро ќе може да гласаат за Путин

Италијанците кои што живеат во регионот Венето наскоро можеби ќе го добијат нивниот Путин, пишува Раша Тудеј.

Сепак рускиот претседател не одлучил да се пресели во Италија, туку станува збор за Путин кој е на почетокот на својата кариера.

Аделина Путин е радио водител и ди џеј и планира да влезе во трката за локалните избори следната недела. Таа е претставник на десничарската партија Браќа на Италија.

Исто така, Аделина тврди дека е братучетка на Путин.

-Ние сме далечни роднини. Одсекогаш сум го сакала моето презиме, но уште повеќе го засакав откако Владимир стана претседател. Јас и моите роднини откривме голем број поврзаности со него, вели таа за „ Il Giornale“.