Италијанска градежна компанија ќе инвестира во Македонија

Уште една странска компанија планира да инвестира во Македонија. Италијанската градежна компанија „Кондоте“ денеска ќе ја најави својата инвестиција во Македонија.

Таа ќе инвестира преку фирмата „ИМПГ“ ДОО Скопје во енергетскиот сектор, поточно во изградба на мали хидроцентрали.

Компанијата ќе инвестира во енергетскиот сектор, поточно во изградба на мали хидроцентрали
Компанијата ќе инвестира во енергетскиот сектор, поточно во изградба на мали хидроцентрали

На настанот најавено е присуство на министерот за економија Беким Незири, претседателот и сопственикот на „Кондоте“, Дучо Асталди, управителот на фирмата Марчело Вернола и генералниот директор Сашо Трипуновски.