Македонија,Економија

Италијанска инвестиција од 10 милиони евра, ќе се вработат 100 лица

Италијанска инвестиција од 10 милиони евра, ќе се вработат 100 лица

Италијанската мултинационална компанија „Монтанте“ ќе инвестира во Македонија, а новата компанија „Њуко“ која ќе ја формира овде, ќе гради фабрика за производство на амортизери за возови, автобуси, камиони. Инвестицијата во прва фаза ќе изнесува 10 милиони евра, а за почеток ќе бидат вработени 100 лица.

„Се работи за компанија која во Македонија ќе произведува амортизери кои се користат во најпознатите возови и шински возови во светот како и во индустријата за автобуси и тешки камиони.Инвестицијата е околу 10 милиони евра и во овој период ќе се вработат околу 100 луѓе,“ изјави директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо.

Компанијата безицирала две парцели во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 каде ќе се започне со изградба на еден објект оваа есен, а потоа инвестицијата во следните фази ќе се проширува.

Првиот човек на компанијата Антоанело Монтанте истакна дека пред да ја посетат Македонија биле и во соседните држави, но признава дека Македонија им пружила поголемо гостопримство и расположливи сили во однос на другите држави.

„Како прво она што го утврдивме е политичката стабилност на оваа држава, моќта на управувањето како и политиката во другите сектори. Не увери и тоа што оваа Влада прави вистински избори што се однесува до економијата, прави реформи во однос на интернационализацијата, судството и другите области. Но, она што ми остави најпозитивен впечток е дека во оваа држава се работи активно на подготовка на нова класа на идните управители на оваа држава, преку образованието.Она што остави впечаток е и активен однос на градот кон градењето секаде, и во таа смисла постојат напори да се доближат до светот,“ изјави Монтанте.

Тој додаде дека ќе се создаде компанија која се вика „Њуко“ со македонските партнери и додаде дека не се работи за делокализација на посточека фабрика, туку нов бизнис и нова фабрика која сакаат да ја изградат во Македонија.

„Во принцип еден бизнисмен мора да ризикува и онаа цена кој треба да ја платиме во Македонија е што немаме снабдувачи тука.Бидејќи се работи за бесцаринска зона, можеме во другите држави да ги најдеме снабдувачите. Но, очекуваме нив да ги добиеме во Македонија. Постои можност првичната инвестиција од голема сума, во следниот период да стане четири пати поголема. Во Италија колегите бизнисмени очекуваат како ќе помине посетата и од информациите ќе одлучат дали и тие да дојдат,“додаде Монтанте.

Компанијата за производство на амортизери „Монтанте“ е со годишен обрт од 800 милиони евра, а во контакт со македонските владини претставници се од минатата есен на роуд-шоуата во Италија.