Италијанска ИТ компанија најавува нови работни места за македонските програмери

Во изминатите неколку дена, италијанската компанија „ДФ Лабс“, позната во ИТ сферата во областа на сајбер безбедноста и форензичка анализа, чии клиенти се реномирани меѓународни компании меѓу кои и ИБМ и НАТО најавува инвестиција во земјава.

Со таа цел, директорот на фирмата, Дарио Форте и координаторот за развој на производи, Давиде Бошчироли, се во посета на Македонија, при што остварија и средба со министерот за инвестиции, Џери Наумоф .

Оваа италијанска фирма планира да вработи околу 20 програмери.

„ДФ Лаб“ евалуирале неколку други земји, како Индија, Виетнам и Србија. Се одлучиле за Македонија како најконкурентни во оперативни трошоци, нискабирократија, поволна даночна политика, како и добра ИТ инфраструктура.Исто од голема важност и им бил и фактотдека е добро конектирана со регионот во кој работат.

„Ние се сретнавме со министерот Наумоф во Италија и бевме импресирани од неговите познавања за нашиот сектор и нашата компанија. Министерот веднаш

ги препозна нашите потреби и уште на првата средба ги имаше скоро сите одговори кои што ни требаа “ изјави Дарио Форте, сопственик и извршен директор на „ДФ Лабс“.