Италијанска компанија заинтересирана за инвестирање во земјава

Во посета на Македонија е интернационална италијанска компанија која произведува компоненти за бојлери и која е заинтересирана за инвестирање во земјава.

Министерот за странски инвестиции, Џери Наумоф се сретна со извршните директори на компанијата минатиот март при неговото бизнис патување во Италија. Компанијата беше позитивно изненадена и заинтересирана за поволната бизнис клима во земјава.

Со своите операции оваа компанија ќе донесе уникатна високо развиена технологија и роботика.

Заедно со претставници на Кабинетот на министерот Наумоф, денеска претставниците на компанијата се во посета на Кочани, Велес, Штип, Прилеп, Неготино и Кавадарци, каде ги разгледуваат можностите за инвестирање во Македонија.