Италијанска репортажа за Македонија: Од непознато до незаборавно (ВИДЕО)

Македонија се најде на насловната страна на најпознатото светско списание за мотоциклизми „Motociclismo“. На 40 страници, со фотографии и видео на нивниот Youtube канал, во репортажа се претставени најживописните предели во Македонија, објави порталот „Лидер“.

Пред неколку месеци група од неколку италјански моторџии беа во обиколка низ Македонија, а нивните коментари се дека Македонија е погодна и атрактивна дестинација за мото туризмот. Домаќини на оваа група моторџии од Италија беше Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот. Директорот Кристијан Џамбазовски вели дека нема подобра промоција на една земја од репортажа во едно вакво специјализирано списаниетото кое брои огромен тираж од 160 илјади примероци, а на нивниот Youtube канал имаат над 300 илјади прегледи.

Пред извезно време имавме организирано информативно патување на екипа од списанието „Motociclismo“, кое е најстаро списание за мотоциклизми во светот, брои тираж од 160 илјади примероци и сега имаат над 300 000 прегледи на нивниот Youtube канал на видеата кои што ги објавуваат. На прес конференцијата објавивме дел од активностите и дел од објавите кои ќе следуваат на Македонија, списанието веќе е излезено и е пуштено во продажба во Италијa. Оваа репортажа за Македонија е претставена на 40 страници, што е прв пат во историјата на ова списание некоја земја да биде промовирана на 40 страници и исто така можам да кажам дека за прв пат беа тестирани мотори во Македонија вели директорот на Агенцијата Кристијан Џамбазовски.

Од непознато до незаборавно

Освен што прв пат во списанието се објавува репортажа на дури 40 страници, Џамбазовски вели дека коментарите во репортажата се позитивни.

Од непознато до незаборавно
Од непознато до незаборавно

Тие ја опишуваат Македонија за дестинација за која малку се знае, па ја нарекуваат дестинација „Од непознато до незаборавно“. Сето ова ќе допринесе врз зголемувањето на странските туристи како од Италија, така и од останатите земји.

Рутата беше низ цела Македонија, нашата земја е претставена во најпозитивно светло и очекуваме сето тоа да допинесе за развојот на релациите со Италија и размената на посетители и во последната година имаме преку 15 % раст на туристи во Италија и очекуваме тој позитивен тренд и понатаму да продолжи. Во самата статија се објавени фотографии и статии од повеќе места од Македонија, со оглед на тоа што беше долга програмата и ги опфати сите региони на Македонија од источниот регион кај Радовиш, Струмица, потоа во западниот регион- Галичник, Охрид има најживописни средини кои се претставени во списанието. Македонија е презентирана како една деснинација со квалитетна инфраструктура и дека претставува предизвик да биде посетена. Исто така пишува дека Македонија е дестинација за која малку се знае во Италија но после нивната посета импресиите се силни и нивниот ФБ профил е преоптоварен после објавувањето, па очекуваме сето тоа да даде позитивни резултати вели Џамбазовски.

Мерките во туризмот даваат позитивни резулати

Освен промоција на Македонија наовој начин, многу останати мерки придонесоа за зголемување на бројот на туристите. Субвенциите за тур оператори, евтините авиолетови до Македонија, изградба на плажи, пешачки и планинарски патеки околу езерата, промоција на земјава како атрактивна туристичка дестинација на светските медиуми, мерка за изградба на хотели на државно земјиште по почетна цена од 1 евро за метар квадратен, се дел од мерките кои допринесоа за постојан раст на туризмот во последните шест години и зголемување на бројот на странските туристи.

Во изминатиот период Владата беше фокусирана на развој на туризмот во македонија, доказ дека активностите се во вистинска насока се и резултатите кои ги бележиме. Според Светската туристичка организација Македонија е помеѓу државите со најголем раст во туризмот , очекуваме оваа година да имаме двоцифрен раст и покрај предизвиците што ги имавме. За сето тода да се случи, заслужни се редица мерки, како субвенциите, евтините линии, силна пдомоција, подобрување на имиџот и други мерки кои што беа превземени изјави Кристијан Џамбазовски, Директор на Агенција за промоција на туризмот.

Со зголемувањето на странските туристи во земјава, освен зголемувањето на девизниот прилив по оваа основа, се раздвижуваат и останатите стопански гранки, а се реализираат и значајни вработувања.

Општиот прилив на средства според НБРМ изнесуваат над 14 милиони евра и тие се во постојан пораст , ние очекуваме дека тој тренд ќе продолжи и понатаму, туризмот е извозна гранка, а се обезбедуба нов прилив на средства и влијае на раздвижување на останатите сементи во економијата изјави Џамбазовски.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2015 година изнесува 82 084. Бројот на туристите во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, е зголемен за 7.4%. Во периодот јануари-мај 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3%.

Еве го видеото од италијанската репортажа: