Италијанската армија ќе одгледува канабис

Италијанската армија реши во согласно со Министерството за здравство да започне да одгледува канабис, кој ќе се користи за производство на лекови што ќе бидат поевтини од сегашните.

Спогодбата беше потпишана во Рим меѓу италијанските министееки за здравство и за одбрана, Беатриче Лоренцин и Роберта Пинони.

– Целта е да се произведат лекарства за тешки заболувања како склероза или против болки, изјави Лоренци. – Не треба да се придава никаво идеалистичко или културно значење, тоа е само во интерес за болните, потенцираше министреката.

Канабисот ќе се одгледува на територијата на касарна во Фиренца, која ќе се нарекува „Воен хемиско-фарамацевтски објект“.