Италијанската ДФ Лабс најави 25 нови вработувања во Македонија

Италијанската комапнија ДФ Лабс, која минатата година отвори своја подружница во Македонија се најде на 17-тото место на листата на најдобрите и најиновативни 500 компании, објавена од страна на Сајберсекјурити вентурс.

– Големо задоволство е да постигнеме толку важни резултати, нашата посветеност кон иновациите и натаму продолжува и очекуваме уште повеќе да се прошируваме во следните 12 месеци. Македонија ќе биде активен дел од нашиот план за проширување, изјави Дарио Форте, извршен директор на компанијата.

Според министерот за странски инвестиции Џери Наумоф ова е одличен пример за тоа како квалитетот, зголемениот број на компании можат да ги едуцираат и да ги обучат младите дипломци кои што се специјализираат за работа со најсофистицираните софтверски вештини.

– Многу е важно за Македонија да има такви иновативни компании како ДФ Лабс, изјави Наумоф.

Неодамна ДФ Лабс испрати нов македонски тим на двомесечна обука во Рим за високо специјализирани техники на сајбер и дигитална форензика. Се очекува дека ДФ Лабс ќе вработи уште 25 лица до крајот на годинава, а се планира до крајот на следната да има 50 вработени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.