Италијанската „Дф Лабс“, заинтересирана за инвестирање во Македонија, се запознава со капацитетите

Целта на оваа работна посета е компанијата поблиску да се запознае со можностите кои се нудат за инвестирање во оваа област.

Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф и Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски  денеска се сретнаа со сопственикот на  италијанската  компанија   Дф Лабс , Дарио Форте чија основна дејност е развивање на нови информатички технологии за заштита на податоци, соопштија од кабинетот на Наумоф.

 

Целта на оваа работна посета е компанијата поблиску да се запознае со можностите кои  се нудат за инвестирање во оваа област.

 

Предвидено е компанијата да оствари средба со претставници и од Факултетите за информациски технологии со цел да се  развие вземна соработка и програма за практично обучување на студентите во оваа компанија.

 

Министерот Наумоф истакна дека  потенцијалот на човечкиот капитал во оваа дејност е голем, потенцирајќи дека Македонија располага со пет факултети за компјутерски науки и информатички технологии и тоа во Скопје, Штип, Битола, Охрид и Тетово  кои нудат квалитетни високо образовани кадри кои можат сериозно и одговорно да одговорат на сите предизвици  кои ги нуди оваа професија.

 

На средбата, како што информираат од кабинетот на Наумоф, беше заклучено дека Македонија рапидно напредува во сите сфери на информациските и компјутерските технологии со што станува водечка во регионот.

 

Гостите изразија благодарност до Министерот  Наумоф и Министерот Ивановски за квалитетните информации кои беа презентирани и изразија подготвеност за инвестирање во земјава.