Италијанската крајбрежна стража спасила 2.000 мигранти

Во најновата серија спасувачки операции во Медитеранот, италијанската крајбрежна стража во близина на либискиот брег, спасила околу 2.000 мигранти.

– Крајбрежната стража координирала 15 спасувачки операции. Во нив се спасени околу 2.000 мигранти и тие сега се наоѓаат на безбедно, се наведува во соопштението на италијанската крајбрежна стража.

Агенцијата на ОН за бегалци проценува дека од почетокот на годината во Италија пристигнале повеќе од 48.000 мигранти во потрага за подобар живот во Европа.