Свет

Италијанската полиција откри група за регрутирање борци за ИД

Италијанската полиција откри група за регрутирање борци за ИД

Италијанската полиција соопшти дека открила група исламски екстремисти во Италија и Албанија, кои регрутирале борци за групата „Исламска држава“, пренесува МИА.

Три лица се уапсни, соопшти денеска италијанската полиција. Меѓу нив е Италијанец од мароканско потекло, за кого се претпоставува дека изработил пропаганден материјал за ИД на италијански јазик за потенцијални италијански џихадисти.

Италијанскта полиција соопшти дека останатите двајца уапсени се Албанци. Еден маж е уапсен во Албанија, а неговиот внук во Торино. Албанската полциија го идентификува мажот како 38-годишен Албан Елези. Тој е уапсен во Каваја, на 55 километри западно од Тирана.

Според полицијата групата имала контакт со друг Италијанец со мароканско потекло, кој е меѓу 65 стански борци од Италија во Сирија.