Италијанската полиција прекина мрежа за финансирање тероризам

Италијанската антитерористичка полиција соопшти во четвртокот дека ја прекинала мрежата составена од Мароканци и Сиријци осомничени за префрлање финансиски средства за исламските милитанти на Блискиот исток.

Полицијата спровела 14 налози за апсења во северна Италија и на Сардинија, се додава во соопштението. Се додава дека биле извршени претреси на 20 домови и објекти во три региона во посочените делови од земјата. Засега не е познато колку луѓе се притворени во рамките на операција.

Упсените се обвинети за поврзаност со терористички групи, финансирање тероризам и кршење финансиски прописи.

Агенцијата ANSA наведува дека мрежата во којашто се вмешани најмалку десет Сиријци, функционирала во неколку европски земји и пошироко, како Италика, Шведска, Унгарија и Турција.

Се дознава дека станува збор за две келии кои работеле независно а биле споени преку едно лице и оти нивните траги воделе кон Мароко и Сирија, односно исламистичката групација Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда.

Оваа групација се преименуваше во Џаиш ал-Ислам за да избегне да биде ставена на листата на ОН со организации кои се изземени од сириските преговори и за кои не важи примирјето, а до неодмна имаше бастион во централната покраина Источна Гута, каде во градот Дума според обивнувањата на Западот сириските власини сили наводно употребиле хемиско оружје.