Италијанската полиција разби нарко група од Албанија

Полицијата во Италија  разби нарко банда, сочинета главно од Абанци, која коакин растурала не саво во Италија, туку и во Албанија и Македонија.

Во големата полициска акција, која била спроведена синоќа во подрачјето на Удинезе, уапсени се 30 лица, а бил извршен претрес во 17 домови врз основа на налог издаден од Обвинителството на Венеција.

Истрагата потврдила дека дрогата од Холандија преку Франција со воз била внесувана во Италија.

Во изминатите години од шверц на дрога оваа група профитирала околу 10 милиони евра.