Италијанската полиција уапси 160 лица за врски со мафијата

Италијанските власти денеска уапсија 160 лица под обвинение за врски со мафијата во голема полициска операција во северните области Емилија-Ромања, Ломбардија, Пиемонте и Венето, пренесува МИА.

Сите уапсени во случајот се претставници на Ндрангета од јужната област Калабрија. Според полицијата тоа е уште еден доказ за длабоката пенетрација на мафијашките интереси надвор од нивните традиционални зони на влијание.

Истрагата утврдила учество на Ндрангетата во легитимен бизнис, преку кој се „перат пари“ од илегални активности. Освен тоа досегот на криминалните активности се протегал до Германија, Австралија и Сан Марино.