Италијанската полиција уапси двајца преживеани бродоломника

Италијанскиот министер за инфраструктура, Грацијано Делрио соопшти дека властите уапсиле двајца преживеани бродоломници во водите близу Либија под сомнение дека шверцувале луѓе.

Тие двајца – капетан и негов помошник, биле уапсени синоќа по доаѓањето во Катанија сициллијанско пристаниште каде биле префрлени од италијанските власти откако ги извлекле од море.

Бродот потона во неделата, а според УНХЦР животот го загубиле 800 луѓе. Полицијата досега извршила разговори со 27 преживеани.

Делрио рече дека апсењето на капетанот и неговиот прв помошник го наредил државниот обвинител.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.