Свет

падна и втората жена водач на сицилијанската мафија Италијанската полиција уапси и мафијашка кума

Италијанската полиција уапси и мафијашка кума
марија анџела ди трапани, водач на сицилијанската мафија

Во операцијата на италијанската полиција уапсени се 25 мафијаши, а меѓу нив и жена којашто водењето на криминалното семејство го наследила од својот сопруг, убиец осуден на доживотен затвор, пренесе во вторникот агенцијата Ansa.

Марија Анџела Ди Трапани ја водела мафијата во Ресутана, еден од осумте квартови во сицилијанскиот главен град Палермо, се наведува во соопштението на специјалната полиција карабинерите.

Ди Трапани и другите се уапсени под обвинение за припадност на мафијашка организација, изнудувања и поседување украдени стоки. Локалните трговци ги принудувале да плаќаат заштита, се појаснува во прилогот на агенцијата Ansa.

Мафијашката кума веќе претходно минала седум години во затвор поради тоа што посредувала меѓу нејзиниот сопруг Славино Мадониа и членовите на неговата мафијашка фамилија.

Жените на чело на мафијашките семејства се извонредна реткост, но ги има. На почетокот од годинава италијанскиот суд ја осуди Патриција Месина Денаро, чиј брат е еден од водечките мафијаши кои се во бегство, на 14 и пол години затвор.