Италијански фестивал во Скопје од 13 до 22 јуни

Првиот италијански фестивал кој го организира Канцеларијата за економска соработка при Амбасадата на Италија во Скопје ќе се одржи од 13 до 22 јуни на повеќе локации ниц градот.

Темата на овогодинешното издание е „Почувствувајте ја Италија со сите ваши сетила“, и вклучува курс за вљубеници во италијанската кујна, дводневна практична обука за професионални готвачи, презентација на италијански производи во Веро Центар, модна ревија со италијански дизајнери, семинар за технологија за винска индустрија и други настани.