недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 21

Италијански гратчиња ги затвораат вратите за туристи

Група рибарски населби во Италија се обидуваат да излезат на крај со два и пол милиони туристи, колку што ги преплавуваат секоја година.

cinkve-tere-1

Поврзани вести

Група рибарски населби во Италија се обидуваат да излезат на крај со два и пол милиони туристи, колку што ги преплавуваат секоја година.

Туристичката индустрија веројатно е една од најголемите жртви на глобалната финансиска криза, со оглед на тоа што бројот на туристи што посетуваат одредени хотели и одмаралишта значително опадна.

cinkve-tere-3

И додека голем број туристички објекти очајнички се обидуваат да привлечат колку е можно повеќе туристи, Чинкве Тере го прави сосема спротивното.

Оваа група се состои од пет рибарски населби, бојадисани во живописни бои каде годишно доаѓаат по два и пол милиони посетители, што е значително повеќе отколку што домаќините може да издржат, пишува Индепендент.

cinkve_terre-2

Со цел да се намали бројот на посетители, локалните власти ќе одредат фиксен број туристи што пред посетата ќе мораат на интернет да набават посебна картичка што им овозможува пристап. Сеуште не е одлучено за колкав број туристи ќе стане број.

Посетителите исто така најверојатно ќе мора да се држат и до јасно утврдените патеки поради ерозијата на почвата.

Најчитани вести