Италијански новинари ќе штрајкуваат за време на самитот на ЕУ

Новинарите од новинските агенции АНСА и АДНкронос се меѓу оние кои планираат да штрајкуваат денеска, кога во Рим се одржува самит на ЕУ, посветен на 60-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор, документ со кој се означи формирањето на Унијата.

Денес е важен ден за Европа и за Италија, каде над 800 новинари сакаат да го привлечат вниманието на своите проблеми, изјавија новинарите од АНСА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.