сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 0

Уапсен италијански пилот кој сакал да го собори авионот со 200 патници

Италијанската полиција уапси пилот на аеродромот Фиумичино, откако неговата сопруга ја предупредила полицијата дека тој планира да се убие. Само неколку минути пред полетувањето, полицијата го уапсила пилотот што требало да управува со авионот во кој имало 200 патници.

kokpittttt

Поврзани вести

Тој требало да управува со летот од Рим до Јапонија, но во последен миг бил заменет со друг пилот, за што патниците незнаеле.

Инцидентот што е откриен дури сега, се случил во јануари, два месеци пред Андреас Лубиц да усмрти 149 патници кога намерно со авионот нан компанијата Џерманвингс удри во француските Алпи.

Италијанскиот пилот, чиешто име не се открива и претходно и’ бил познат на полицијата затоа што неговата сопруга го пријавувала поради малтретирање. Тој се заканил дека ќе изврши самоубиство првиот пат кога неговата сопруга рекла дека ќе го остави, пренесува британски „Сан“.

Затоа што таа не се предомислила за разводот, тој испратил порака дека ќе го собори авионот со 200 патници истата ноќ.

Таа веднаш се јавила во полиција и ги предупредила властите во аеродромот. Инаку пилотот од Падова во моментов е суспендиран и оди на психијатарски тестови.

Најчитани вести