сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 0

Италијанскиот пратеник Галати: Позитивно сум изненаден од прогресот и идеите во програмата на ВМРО-ДПМНЕ

dzuzepe-galati

Последни вести

Особено благодарен и среќен сум што лично го познавам Никола Груевски и искрено се надевам дека за некој ден повторно ќе се врати да биде водач на оваа прекрасна земја, прекрасен народ, истакна на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Гостивар, италијанскиот пратеник Џузепе Галати.

-Живееме во период на големи промени, секојдневно се гледаат во сите сфери на живеењето, од тие причини ни требаат луѓе водачи со големи капацитети во сите правци како административни, и лидерски да застанат и да ги водат своите земји. Треба да постои соработка, интеграција,  да знаеме како да ги победиме овие предизвици со кои секојдневно се соочуваме, на меѓународен план проблемите со тероризмот, економската криза. Треба да одиме напред и да бидеме порта која ќе го поврзува светот. Токму во оваа голема слика на загриженост и проблеми соработката и интеграцијата се важни. Имав можност да ја прочитам програмата на ВМРО-ДПМНЕ особено делот од проектите од 2017 па натаму, признавам дека особено позитивно бев изненаден од прогресот и идеите на социјален план. Три основни работи го привлекоа моето внимание: социјалниот момент, влезот во ЕУ и НАТО, како и борбата против креиминалот и корупцијата и владеење на правото, сите инвестици во областа на образованието, и со големо задоволство прочитав и бев задоволен дека во времето на владеењето на Никола Груевски невработеноста паднала на 24 проценти. Важно е што има економска програма со голема експанзија во насоки на подобрување на невработеноста и подобрување на условите на живеење затоа што пред се ова се политики кои носат развој и раст. Ова се воедно и целите кои ги има и Европската народна партија, да создадеме нови работни места, координирање на монетарната и фискалната политика, транспарентност на пазарната економија, социјална политика, истакна Галати.

Тој додаде дека токму затоа на Македонија и е потребна стабилна влада која и некој кој има големи капацитети кои ги покажал и докажал за време на изминатите години.

-Истовремено цела Европа треба да му биде благодарна на Груевски, а ние веруваме дека Македонија е важен партнер за ЕУ и дека Владата водена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде наш стратешки парнер заради напорите кои се преземаа за мигрантската криза. Пријатели од Гостивар, имате голема можност, го имате ВМРО-ДПМНЕ партија која има многу пријатели во Европа, луѓе кои се млади и способни, и пред се лидер како што е Груевски кој ќе ја води Македонија за да влезе во ЕУ и да бидеме сите браќа во една иста заедница, потенцираше италијанскиот пратеник.

Најчитани вести