Италијанскиот претседател поднесе оставка

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано поднесе денеска оставка на функцијата со што го формализираше потегот најавен прeтходно.

Наполитано е на 89-годишна возраст и ја најави својата оставка пред две недели. Во говор во Европскиот парламент, италијанскиот премиер Матео Ренци го нарече вчера италијанскиот шеф на државата, како „посветен Европјанин“.