Италијанскиот претседател си зема време пред одлуката за именување на премиерот

италијанскиот претседател серџо матарела

Италијанскиот претседател Серџо Матарела одржа во вторникот втор круг консултации пред да ја донесе одлуката дали професорот Џузепе Конте, правник непознат за пошироката јавност, ќе го именува на должноста претседател на владата.

Засега не е позната содржината на последните консултации и никаква одлука не се очекува барем до среда.

Според италијанските медиуми, повикувајќи се на извори на кабинетот на шефот на државата, Матарела се сомнева во самостојноста на одлучувањето на Џузепе Конте кого го предложија антиестаблишмент и евроскептичното Двиќење пет ѕвезди (М5Ѕ) и партијата од крајната десница Лига, а челниците на овие политички сили би биле негови министри.

„Вчера реков дека денеска (вторник) нема да има никаква одлука, што не претставува новост“, изјави кусо за новинарите претседателот на Лига, Матео Салвини.

Претседателот Серџо Матарела не сакал да одлучува набрзина, па ќе се консултира со претседателите на двата дома на италијанскиот парламент, со Роберто Фико, челник на долниот дом, и со Елизабетеа Алберти Каселати претседателка на Сенатот.

Медиумите заклучуваат дека Конте ќе мора „да се вооружи со трпение“. Овој 54-годишен отмен универзитетски професор во Фиренца е експерт по граѓанско и уставно право. Пред изборите М5Ѕ го претставуваше како можен министер кој би бил задолжен за „дебирократизација“ на јавната управа.

Роден е во Апулија, во регионот на Фоџа, и според медиумите би бил првиот премиер во последните речиси 30 години којшто потекнува од југот на Апенините.

„Тој е вистински стручњак за едноставни решенија, дебирократизацијата и рационализацијата на управната машинерија кои им се многу потребни на нашите компании“, изјави Салвини.

Медиумите пишуваат и дека Матарела од двете партии ќе бара и гаранции дека ќе ги почитуваат европските и меѓународните обврски кои ги преземале претходните влади. Во вторникот и Брисел изрази загриженост и ги повика двете партии кои во петокот го објавија договорот за составување влада да се воздржат од дадените ветувања за раст на потрошувачката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.