Италијанскиот Суперкуп ќе се игра во Катар

Годинешниот натпревар од италијанскиот Суперкуп ќе се игра во Катар на 22 декември.

Оваа одлука ја соопшти првиот човек на Серие А Маурисио Берета на заедничка прес конференција со Фудбалскиот сојуз на Катар. За пехарот во Суперкупот ќе се борат шампионот Јувентус и освојувачот на Купот екипата на Наполи, а мечот ќе се одигра во градот Доха.

Во последните неколку години мечевите од ова натпреварување се играат надвор од Италија, а се разбира сето тоа поради финансиска добивка. Претходно Суперкупот се играше во Кина, САД и Либија.