Италијанските клубови да го заборават пехарот во ЛШ

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Италија, Марчело Липи е убеден дека во следните 10 години, ниту еден клуб, кој се натпреварува во италијанската Серија А, нема да го освои победничкиот пехар во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

“Моменталниот тим на Јувентус е доволно квалитетен, но доволно квалитетен за повторно да ја освои шампионската титула во италијанската Серија А. Сепак, на Јувентус му фали нешто за биде успешен и во Европа. Според мое мислење, во следните 10 години ниту еден италијански клуб нема да дојде во ситуација да слави во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. Јас немам таква информација дали Јувентус на крајот од актуелната сезона ќе ги продаде Погба и Видал. Јас само знам дека во мојата ера, кога јас бев тренер на Јувентус, клубот секоја година продаваше по еден или двајца добри фудбалери”, изјави Липи.