Италијанското население континуирано старее

Во Италија минатата година имало 100.000 повеќе починати отколку родени, што е најлош природен прираст од Првата светска војна, објави МИА.

Во Италија на 31 декември минатата година имало 60.795.612 жители, од кои пет милиони странци или 8,2 отсто.

„Забележаниот природен прираст на населението е исклучително негативен и изнесува речиси 100 илјади луѓе, што е најмногу од 1917 и 1918 година“, наведува Истат.

Бројот на родени е во постојано опаѓање и во 2014 имало 12.000 новороденчиња помалку отколку годината претходно.

Италијанското население продолжува да старее и просечната возраст му е 44,4.