вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 61

Итен апел за помош – да и помогнеме на осумгодишната Ели!

apel

Последни вести

Ели е родена со многу ретка болест, тотален аганглионарен мега колон (нејзините црева не работат) што резултира со исклучително сериозни компликации и животозагрозувачка состојба.

Како резултат на нејзината состојба, Ели седум години од детството ги минува живеејќи во болница одделена од своето семејство во придружба само на книгите кои ги обожава.

Се појави надеж во САД каде докторите гарантираат дека можат да и помогнат на малата Ели да почне нормално да живее како своите врсници. Операцијата е на товар на фондот за здравствено осигурување , но по извршената операцијата се појавија компликации и потреба да се продолжи нејзиниот престој во болница за повеќе од две недели до денес.

Ели се наоѓа во болница во Америка. Живеe во страв дека лекувањето нема да се продолжи и сите напори ќе бидат залудни.

Дополнителниот престој итно мора да се плати, а нејзиното семејство нема финансиски средства.

Еден болнички ден ги чини 3.400 евра . Износот кој во моментов им е потребен е 57.800 евра и со секој следен ден расте.

Ели е во Америка со семејството без никакви средства, буквално ни за основни потреби за живот бидејќи престојот непланирано е пролонгиран.

Дополнително по напуштање на болницата мора да престојува уште неколку месеци во САД за потполно да се опорави.

Средствата не ги покрива фондот, а семејството истрошено од долгогодишната борба нема средства за да го продолжи лекувањето, кое доколку се прекине може сериозно да ја искомплицира состојбата на Ели.

После многу операции и 7 години во болница Ели ќе има можност да зачекори со своите другарчиња доколку ние ја покажеме хуманоста!

Да спасиме еден живот. Да и помогнеме на Ели да има детство какво што заслужува.

Да донираме на:

070/143-111 – Телеком

077/143-775 – ВИП

075/143-114 – ОНЕ

Најчитани вести