Итен состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска ќе се состанат во Брисел и состанокот ќе биде посветен на кризата во Ирак, но и за друго теми како украинската криза.

Како што се наведува во Брисел, шефовите на дипломатиите ќе разговараат за влошување на кризата во Ирак,ќе се разменат мислењаза ситуацијата во Украина како и блискоисточниот мировен процес, пред се во врска со судирите во појасот Газа.

Една од најавените теми, како што се додава е влошување на безбедносната ситуација во Либија.

Состанокот кој ќе почне попладне ќе биде прв собир на министрите за надворешни работи на ЕУ, од кога Унијата воведе економски санкции за Русија.

Франција побара итно повикување на овој состанок, а  францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабијус апелираше да се одржи со образложение дека „иако е време на годишни одмори, но кога има луѓе кои умираат, одморот треба да се прекине.“