Итихат следна дестинација на Вертонген

Во списокот со фудбалери кои би требало да го засилат најбогатиот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Сити, за време на летниот преоден рок, може да се прочита и името на белгискиот интернационалец од редовите на Тотенхем, Јан Вертонген.

Англиските медиуми се убедени дека Манчестер Сити веднаш на стартот од летниот преоден рок ќе испрати официјална понуда за 26-годишниот дефанзивец која нема да биде помала од 25 милиони евра.

Најавениот трансфер полесно ќе биде реализиран и доколку неговиот актуелен клуб,  Тотенхем, на крајот од актуелната сезона не обезбеди место кое води во групната фаза или во последното квалификациско коло од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.