Итна средба на Хан со Вајгл, Кукан и Ховит за Македонија

Денес се оддржува итна средба помеѓу еврокомесарот Хан со европратениците Вајгл, Кукан и Ховит за Македонија.

На својот профил на Твитер европратеникот Ричард Ховит објави дека присуствува на итна средба заедно еврокомесарот Јоханес Хан и европратениците Едвард Кукан и Иво Вајгл.

han-kukan-hovit-prt-scrin

Нивната средба следува по вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов, кој донесе општ акт за аболиција на сите политичари против кои се поднесени кривични пријави или се водат какви било судски постапки.