четврток, 5 јануари 2017  |  Вести денес: 10

Итната медицинска помош во Кавадарци со зголемен обем на работа

До четири пати повеќе прегледи од вообичаено регистрира Итната медицинска помош во Кавадарци. Началникот на Службата за итна медицинска помош доктор Антоан Паракеов денеска информираше дека најголем дел пациентите се со сезонски грип.

кавадарци

Поврзани вести

Поради зголемениот обем на работа, а имајќи ги во предвид најавените ниски температури, Службата за итна помош при Здравствен дом Кавадарци за време на викенди и празници ќе работи со зајакнати медицински екипи, соопшти Паракеов.

Тој упати апел до граѓаните на максимална претпазливост при изложување на ниски температури, да излегуваат на отворено од 11 до 15 часот и да избегнуваат масовни собири во затворен простор.

Хроничните болни, старите лица и бремените редовно да си ја земаат препишаната терапија, додаде Паракеов.

Најчитани вести