Итно предавање на материјалите од незаконското прислушување на надлежен обвинител

Адвокатот Димитар Дангов, бранител на обвинетите во предметот „Титаник“ својот воведен говор го акцентираше врз Законот за заштита на приватноста, кој е донесен на 9 октомври 2015 година.

Бидејки “поседување” на материјалите по 30.10.2015 е незаконито, како што наведува Венецијанската комисија, тоа значи дека следиот ден од тој датум, е незаконито и превземање на било кое од наброените дејствијата што се наведени во став 3 од чл. 1 од Законот за приватноста, на ”обработка”, на “јавно објавување” и што е многу битно, забрането е “располагање на кој било начин на материјалите, вклучувајќи и нивно користење за други цели и постапки., изјави Дангов.

Според него, последиците од постапувањето на СДСМ и на СЈО, според чл. 2 од Законот за приватноста, можат да бидат големи бидејќи Во Венецијанската комисија во цитираниот извештај се вели дека поседување на копии од разговори се смета за незаконито, согласно чл. 1 став 3 од овој Закон.

Од причина што СДСМ не ги доставиле материјалите на СЈО во временскиот период од 10.10.2015 год. до 30.10.2015 год. а СЈО во овој рок не превзема дејствија да ги прибави материјалите, настапени се последици. СДСМ како држател на материјалите, сметано од првиот ден по истекот на рокот од 20 дена, а тоа е 31.10.2015 год. до 30.12.2015 год. кога се тврди дека наводно му ги предал, а и СЈО тоа не го негира и го обзнани, незаконски ги држел тие материјали, поради што таквата незаконитост на материјалите со предавање на 30.12.2015 год. на СЈО не се трансформира во законитост на материјалите- вели адвокатот.

Од тука произлегува дека материјалите што СЈО ги прибавило од СДСМ на ден 30.12.2015 год. се докази кои не се прибавени согласно Законот за заштита на приватноста, па согласно чл. 12 став 2 од ЗКП истите, како и доказите произлезени од нив не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судска одлука.

Исто така, бараме од судот ослободителна пресуда за обвинетите бидејќи не сториле ниту едно од кривичните дела кои што им се ставаат на терет. Обвинетиот Никола Груевски не создал група која имала цел да фалсификува избори. Одбраната ќе докаже дека при организирање на изборите немало притисоци врз гласачите да не го вршат или како да го вршат изборното право. Не постоело ниту нудење давање верување на подарок или друга корист на изборачите. Ќе докажеме дека во книгите за донации се внесувале точни податоци на реална состојба на банкарски изводи за банкарски сметки кои се јавни и достапни, рече Дангов.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.