ФОТО: Скопје под вода – Итно свикан состанок на кризен штаб на Скопје

Со цел навремено дејстување, министерот за сообраќај и врски Миле Јанакиески свика итен состанок на кризниот штаб, а повод е вечерашното невреме кое го зафати Скопје и околината.

Состанокот ќе се одржи во просториите на град Скопје, а кризниот штаб ќе го води министерот Миле Јанакиески.

Брзата реакција на надлежните доаѓа по силното невреме кое го зафати главниот град, по што доста улици се претворија во реки, а граѓаните масовно пријавуваат поплавени домови.

Во меѓувреме, граѓаните пријавуваат дека подрумите им се поплавени, а има и такви кои живеат на највисоките катови во зградите каде што водата почнала да им тече по таваните.

Граѓаните кои имаат штети од невремето може да пријават на бројот 195.

grad1-520x693

gtc

dr
1

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.