Иванка Трамп го замени татко си на работниот состанок на самитот Г-20

(Претседателот на Светската банка, Џим Јонг Ким (л.) зборува со ќерката на американскиот претседател Иванка Трамп на панел дискусијата во рамките на самитот на Г-20 во Хамбург, 08 јули 2017/ AFP PHOTO/POOL/ Patrik STOLLAR)

Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата на работниот состанок на самитот Г-20 во Хамбург беше заменет од неговата ќерка Иванка.

Главната советничка на рускиот претседател Владимир Путин прва ја објави оваа невообичаена промена на социјалната мрежа Twitter, каде објави фотографија од салата за состаноци.

„Иванка го следи претседателот Трамп. И го заменува на масата на Г-20 каде тој доаѓа на билатералните средни“ напиша Светлана Лукаш.

Другите делегации, а потоа и Белата куќа, ја потврдија оваа информација.

Иванка Трамп, која доаѓа од деловниот свет, се најде така на преговарачката маса со светските челници како кинескиот Кси Џинпинг, турскиот Реџеп Тајип Ердоган, како и со германската канцеларка Ангела Меркел и со британската премиерка Тереза Меј.

Меркел ја минимизираше важноста на оваа замена. „Тоа останува во рамките на она што го прават и другите делегации“, изјави германската канцеларка и додаде дека Иванка Трамп е дел од официјалната американска делегација во којашто беше и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер.

Белата куќа во својата писмена изјава наведе дека тоа се случило кога претседателот на Светската банка зборувал за развојот на Африка и додаде дека и другите челници кога ќе излезат од салата, привремено ги заменува некој член од делегацијата.