Иванка Трамп се откажа од својата фирма и оди во Белата Куќа

Првата дама на САД, ќерката на новиот претседател Доналд Трамп, Иванка Трамп, ќе има активна улога во администрацијата на својот татко. Канцеларијата со Иванка ќе ја дели и нејзиниот сопруг, инвеститорот Џаред Кушнер (35), со кого има три деца.

Таа денеска на својот ФБ профил најави дека откако нејзиниот татко ќе ја преземе функцијата 45-ти претседател на Соединетите Американски Држави, таа формално ќе ја напушти Организацијата Трамп и дека веќе нема да биде вклучена во управувањето или работењето на која било компанија. Нејзиниот моден бренд ќе го води Абигејл Клем.

tramp

 Убедена сум дека под нејзиното раководство  компанијата ќе продолжи да создава паметни производи и содржина. Моите браќа ќе ја надгледуваат Организација Трамп, и знам дека ќе биде во способни раце и бизнисот ќе напредува.
Со мојот сопруг, Џеред и семејството ќе се преселиме во Вашингтон,, каде што тој ќе биде советник на претседателот. Ќе биде потребно извесно време моите деца да се адаптираат на новиот дом и на училишта, напиша Иванка во својот пост.

Таа додава дека е заинтересирана за образованието на жените, отворање нови простори за жени претприемачи и ослободување на потенцијалот на жените на работното место.

иванка

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.