петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 29

Иванов: Ако може да се амнестираат воени злосторници, зошто не и луѓе кои ги завела толпата?

Ако постои добра волја од Парламентот, а посебно од парламентарното мнозинство, имајќи го искуството од 2001. година и ако сакаат да имаме помирување во државата, нека го покажат тоа на дело, посочи Претседателот.

ivanov-6-640x359

Последни вести

Ако новите пратеници во новиот состав на Собранието имаат доблест, ако сакаат да делуваат на смирување на општеството, да покажат акт на добра волја и помирување, нека го направат тоа што беше направено после конфликтот во 2001. година. Тогаш знаеме дека Собранието амнестираше воени злосторници. Ако може воени злосторници да се амнестираат, зошто да не им се помогне на луѓе кои ги завела толпата?

Ова го истакна Претседателот Ѓорге Иванов во денешното гостување во Телевизијата Канал 5.

-Ако постои добра волја од Парламентот, а посебно од парламентарното мнозинство, имајќи го искуството од 2001. година и ако сакаат да имаме помирување во државата, нека го покажат тоа на дело, посочи Претседателот.

Тој објаснува дека постапката за помилување од Претседателот е долга и таа се однесува откако ќе се изречат правосилни пресуди.

-Постапката оди од затворите до Министерството за правда, до Комисијата за помилување, па од Комисијата за помилување до мене. Таа постапка е долга, вели Иванов.

Најчитани вести