Македонија

Иванов: АРМ продолжува да биде наш влог кон безбедноста, мирот и стабилноста во светот

Иванов: АРМ продолжува да биде наш влог кон безбедноста, мирот и стабилноста во светот

Претседателот на Република Македонија и врховен командат на вооружените сили Ѓорге Иванов на денешната свеченоста по повод Денот на АРМ во Охрид истакна дека армијата постои за да ја чува нашата слобода, територијален интегритет и суверенитет, за нашите најмили да не се плашат од војната, да имаат безгрижно детство, да го чува македонскиот модел на соживот, постои за македонското стопанство да се развива и да напредува.
ivanovvvv500

Иванов пред присутните истакна дека Македонија останува посветена на остварување на стратегиската цел – полноправно членство во НАТО.

– Партнерството и пријателството се најсилни меѓу рамноправните. Република Македонија е рамноправна со должностите и одговорностите. Но, бараме да ни се овозможи да бидеме рамноправни и според правата и привилегиите, за посилно НАТО, за побезбеден свет, нагласи Иванов.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски посочи дека АРМ отсекогаш била во врвот на приоритетите надржавата. Тој во своето обраќање потсети дека Република Македонија и Армијата ги исполнија сите стандарди и услови за полноправно членство во Северноатланската алијанса.

– Иако неправедно чекаме повеќе од шест години да ја добиеме заслужената покана за членство во НАТО, остануваме посветени на остварување оваа цел. Силни народи и држави се тие кои кога ќе се соочат со предизвик, наместо да се однесуваат дефитистички, ги мобилизираат сите ресурси за да се справат со предизвикот. Одговорот на Македонија на блокадата од нашиот јужен сосед во Букурешт е зајакнување и забрзување на реформите, мобилизирање на сите ресурси во државата со цел уште посилно да одиме напред. Нема место за комоција. Мора да продложиме да градиме општество кое ќе фукционира врз основа на принципите на демократијата и пазарната економија и е компатибилно со стандардите на ЕУ и НАТО, рече Јoлевски.